Multipro

860 ден

Додаток во исхрана за кучиња и мачки со пореметен цревен баланс (со акутна дијареа, после дехелминтизација или кај млади кучиња и мачиња со мека столица). За одржување на нормална функција на дигестивниот тракт.

  • Директно преземање од нашиот магацин

Преземете уште денес.

Бесплатно

  • Достава по курир

Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.

2-3 работни дена

150 ден.

Детален опис на производот:

Пакување

50 капсули

Дозирање

1 капсула дневно, или по совет со ветеринар.

Состав:

Пробиотик Enterococcus faecium
NCIMB 10415
 2 x 109 CFU/g; 
Bacillus subtilis 2 x 109 CFU/g

Enterococcus faeciumги заменува„лошите” бактерии со „добри” бактерии, кои природно го промовираат зголемувањето на бројот на анти-инфламаторни бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Делува инхибиторно на разни патогени, помага во престанок и делува превентивно на инфективна дијареа и дијареа предизвикана од антибиотици. Го подобрува балансот на микрофлората кај сите кучиња и мачки кои се под стрес. Го зголемува растот на други добри бактерии во гастроинтестиналниот тракт.

Bacillus subtilis го појачува имуниот систем на кучиња и мачки и им помага во одбрана од лоши бактерии и вируси и синергистички делува со E. faecium.

Додаток:
Пребиотик – Fructo-oligosaccharides (FOS) 150мг/г и Mannan-oligosaccharides (MOS) 150мг/г

Упатство за употреба:

МУЛТИПРО капсулите можат да се дадат на куче или мачка на еден од следните три начини:

  • Директно на
    коренот на јазикот или
  • Да се отвори
    капсулата и содржината да се раствори во вода или
  • Да се отвори
    капсулата и содржината да се помеша во храна.

Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.