Neurovet alpha complete

1,730 ден

Додаток во исхраната за кучиња со невродегенеративни заболувања, дегенеративен артритис или за забавување на процесот на стареење и закрепнување на нервното и мускулно-скелетното ткиво.

  • Директно преземање од нашиот магацин

Преземете уште денес.

Бесплатно

  • Достава по курир

Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.

2-3 работни дена

150 ден.

Детален опис на производот:

Пакување

30 кесички x 4 г

Дозирање

Два пати орално, со помош на шприц. Внимателно да се стави врвот на шприцот во устата на кучето, од страна и полека да се истисне содржината
Кучиња до 15 кг ТМ: 
1 кеса Неуровет алфа комплит.
Кучиња со поголема ТМ од 15 кг : 2 кеси Неуровет алфа комплит дневно (1 на 12 часа).

Состав:

Витамин Ц (во облик на Натриум аскорбат, 1b301) 500 мг
Натриум аскорбат е единствен облик на витамин Ц кој организмот го апсорбира дури 95%. Представува силен антиоксиданс кој може да ја зголеми природната одбрана на организмот. Се препорачува за намалување на оксидативниот стрес и воспаленија на нервното ткиво, кое го зголемува ризикот настанување на деменција и други пореметувања на нервниот систем. Витамниот Ц може да ги регенерира и другите антиоксиданси во организмот вклучувајќи го витаминот Е. Потребен е за синтеза  на колаген, Л-карнитин и одредени неуротрансмитери.

Ω– 3 масни
киселини
 (10.4.6) 300 мг
Есенцијалните масни киселини се корисни за сите клетки, вклучително и нервните клетки. Тие помагаат при пренесувањето на нервните импулси кои ги насочуваат дневните активности.

Ацетил – Л – карантин (3a911) 250 мг
Л – карнитинот е најпознат како согорувач на маснотии, придобивките на ацетил – Л – карнитинот вклучуваат подобрување на функцијата на мозокот, спречување на оштетување на мускулите, придонесува за регулирање на шеќерот во крвта и зголемување на издржливоста. Исто така, предизвикува брза прогресија на учењето и го забавува когнитивниот пад кај постарите кучиња.

Алфа липоична киселина
200 мг
Алфа липоичната киселина делува како антиоксиданс и кофактор на дехидрогеназата на алфа кето киселината во митохондрите. Има корисен ефект врз метаболизмот на енергијата на мозокот и скелетната мускулатура и кај некои модели на дијабетес.

Витамин E (3a700) 150 мг
Главен фактор во невролошки нарушувања е зголемениот оксидативен стрес. Како моќен антиоксиданс, витаминот Е ги елиминира слободните радикали, кои се штетни нуспроизводи на оксидативни реакции.

Коензим Q10 25 мг
Коензим Q10 помага да се контролира протокот на кислород во клетките. Исто така, дејствува како антиоксиданс, намалувајќи ја штетата на клетките предизвикани од слободни радикали. Дополнувањето сo Q10 за кучиња се препорачува за третман и спречување на дисфункција поврзана со стареењето, нарушена функција на имунолошкиот систем и заболувања на бубрезите.

Биотин (3a800) 20 мг
Биотинот помага во одржувањето на здравата кожа,влакна, очи, црн дроб и нервниот систем. Ги активира клучните ензими и така му помага на телото да произведе повеќе мијелин.

Фолна киселина (3a316) 5 мг
Фолната киселина е непосреден претходник на 5-метилтетрахидрофолат, тоа го зголемува нивото на 5-MTHF во мозокот. Ја подобрува мијелинизацијата во мозокот и ги смалува невролошките симптоми.

Витимин Б12 (3a) 500 µg
Метилкобаламин (витамин Б12) е регенератор на нервите, кој допринесува до значајно подобрување на симптомите на невропатија.

Упатство за употреба:

Протресете пред да дадете. Содржината на шприцот дадете ја одеднаш или пак двапати на ден (на секои
12 часа). Или по совет на ветеринар.

По секоја употреба исперете го шприцот со топла вода.

Да се чува на температура од 25°С. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.