Vetamanoza 2g/20 sachets

1,580 ден

Го подржува здравјето на уринарниот тракт кај кучиња и мачки.
Се употребува кај кучиња и мачки со инфекција на уринарниот тракт предизвикана од бактеријата Escherichia Coli и дрги бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella spp.).

  • Директно преземање од нашиот магацин

Преземете уште денес.

Бесплатно

  • Достава по курир

Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.

2-3 работни дена

150 ден.

Детален опис на производот:

Пакување

20 касички по 2 г

Дозирање

Кучиња: Aкутна инфекцијa – 1 кесичка дневно, во текот на 5 дена

За превенција од повторно појавување на инфекција – ½ кесичка дневно во текот на
20 дена по инфекцијата или по совет од ветеринар.

МачкиAкутна инфекција – 1 кесичка дневно, во текот на 5 дена

За превенција од повторно појавување на инфекција – ½ кесичка дневно 20 дена по инфекцијата или по совет од ветеринар.

Состав:

D-Mannose 2g
D-Mannose е природен прост шеќер кои успешно се применува во лечење на уринарни инфекции предизвикани од E. coli и други бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella spp.). D-Mannose се абсорбира осум пати поспоро од глукозата и штом влезе во организмот не се претвора во гликоген, не се депонира во црниот дроб туку оди директно во крвотокот. D-Mannose воглавно се филтрира низ бубрезите и се насочува во мочниот меур. Полисахаридните молекули го прекриваат епителот на мочниот меур и на нив со своите површински израстоци се прикачуваат бактерии E. coli и предизвикуваат инфекција. Во присуство на D-Mannose во мочниот меур, бактериите со своите израстоци се прикачуваат за молекулите на D-Mannose и формираат комплекси кои се елиминираат со следното испирање.
-Mannose ги отстранува „лошите“ бактерии со нивно врзување и се излачува преку урината

Додаток: Средство против згрутчување до 1%.

Упатство за употреба:

Да се обезбеди доволна количина чиста вода за пиење на пациент или миленикот во текот на целиот ден.

Третманот со D-Mannose се применува само кај мачки кои уринираат (немаат опструкција на мокрачните патишта).

Пропишаните ВЕТАМАНОЗА дози за кучиња и мачки да се даваат помешани во вода.

Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.