Vetamanoza 60g powder

2,340 ден

Го подржува здравјето на уринарниот тракт кај кучиња и мачки.
Се употребува кај кучиња и мачки со инфекција на уринарниот тракт предизвикана со бактеријата Escherichia Coli и други бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella spp.).

  • Директно преземање од нашиот магацин

Преземете уште денес.

Бесплатно

  • Достава по курир

Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.

2-3 работни дена

150 ден.

Детален опис на производот:

Пакување

60 г прашок

Дозирање

Акутна инфекција – 1 мерна дозерка дневно, во текот на 5 дена

За превенција од повторно појавување на инфекција
 – ½ мерна дозерка дневно 20 дена по инфекцијата. Или по совет на ветеринар.

Состав:

D-Mannose 2г
D-Mannose е природен прост шеќер кои успешно се применува во лечење на уринарни инфекции предизвикани од E. coli и други бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella spp.). D-Mannose се абсорбира осум пати поспоро од глукозата и штом влезе во организмот не се претвора во гликоген, не се депонира во црниот дроб туку оди директно во крвотокот. D-Mannose воглавно се филтрира низ бубрезите и се насочува во мочниот меур. Полисахаридните молекули го прекриваат епителот на мочниот меур и на нив со своите површински израстоци се прикачуваат бактерии E. coli и предизвикуваат инфекција. Во присуство на D-Mannose во мочниот меур, бактериите со своите израстоци се прикачуваат за молекулите на D-Mannose и формираат комплекси кои се елиминираат со следното испирање.

-Mannose ги одстранува „лошите“ бактерии со врзување за нив и се излачуваат со урината

Додаток:
Средство против згрутчување до 1%.

Упатство за употреба:

Да се обезбеди доволна количина на чиста вода за пиење на својот пациент или миленик во текот на целиот ден.

Третман со D-Mannose се применува само кај мачки кои уринираат (немаат опструкција на мокрачните патишта).

Пропишаните дози ВЕТАМАНОЗА прашок на кучињата и мачките да се даваат помешани во вода.

Да се чува на температура до 25°C.

Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни. 

Рок на употреба
назначен на пакувањето.